„Пушкаш“ наградата во рацете на Мо: Мајсторијата на Салах прогласена за подобра од ремек-делата на Роналдо и Павар (Видео)

salah-puskas

Мохамед Салах е меѓу тројцата финалисти за најдобар играч во изборот на ФИФА, но пред да биде соопштен победникот на најважната награда, ѕвездата на Ливерпул беше прогласен за играч кој го постигна најубавиот гол минатата сезона.

Погодокот на Египќанецот во „Мерсисајд“ дербито против Евертон беше избран за најдобар гол според ФИФА, па така Салах ја доби „Пушкаш“ наградата која секоја година се доделува за најубавиот гол во светот.

Во оваа конкуренција беа и неверојатните „ножички“ на Роналдо и Бејл, како и ремек-делото на Павар на Светското првенство, но сепак за победник е изгласан погодокот на малиот мајстор од Египет.

Facebook Коментари