Поврзете се со нас

Лига Европа

Пулишиќ за голот кој му го „украде“ на Леао: Не бев сигурен…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/SerieA_EN

Милан го потврди статусот на фаворит и славеше над Славија Прага со 4-2 во првата средба од осминафиналето на Лига Европа.

„Росонерите“ славеа со два разлика, но и примија два гола со играч повеќе на теренот што секако не е добар знак за екипа која има највисоки аспирации во ова натпреварување.

-Задоволни сме со предноста, но чудно е чувството бидејќи со еден човек повеќе чувствувам дека можевме повеќе, да имаме поголема предност. Но, сега не можеме да го промениме минатото, мора да се подготвиме за Прага, -истакна Кристијан Пулишиќ кој проговори и за четвртиот гол на домаќините при кој Рафаел Леао направи се, но Американецот на крајот одлучи да ја закачи топката по што погодокот е на негово име.

-Не бев сигурен дали топката ќе влезе, па чувствува дека морам да ја допрам. Имам мои лични голови и асистенции, но најважно е да победуваме. Секако, во ова натпреварување сите сакаме да одиме во финалето и да го освоиме, -заклучи офанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни