Поврзете се со нас

Италија

Пулишиќ: Со оваа реакција докажавме една многу важна работа

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Се водеше кон тоа дека Милан денеска ќе го претрпи четвртиот пораз во низа во Серија А, особено по вториот гол на Крстовиќ кој значеше дека „росонерите“ имаат негатива од 2:0 на „Виа дел Маре“.

Погодокот на играчот на Лече во 59-та минута можеше да означи почеток на крајот за Сержо Консеисао уште пред да дојде финишот од сезоната, но португалскиот стручњак овојпат виде реакција од своите фудбалери, и тоа во вид на три постигнати погодоци.

Автоголот на Гало го подразбуди подзаспаниот великан, а потоа видовме два гола на Кристијан Пулишиќ за целосен пресврт и победа од 2:3.

Во изминатите неколку дена на големо се шпекулираше дека во соблекувалната на Милан владее голем раздор поради тактичките замисли на тренерот Консеисао, но Пулишиќ посочи дека оваа реакција на фудбалерите го покажува сосема спротивното.

– Во толку многу тежок момент за нас, сметам дека оваа победа е многу важна за сите. Со оваа реакција докажавме една многу важна работа. Докажавме дека сме сплотени како тим, сплотени како група. Тоа е силен одговор од наша страна, – изјави херојот на „росонерите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни