Поврзете се со нас

Италија

Пулишиќ пред дербито со Интер: Сонувам за голови, овој меч е совршена прилика…

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Кристијан Пулишиќ се пресели во Милан во летниот преоден рок и има позитивен старт на новата етапа во животот во дресот на италијанскиот великан.

Клубот има три од три во Серија А, ама допрва доаѓаат вистинските предизвици, а како за почеток тоа е соочувањето со градскиот ривал Интер.

-Дербито е совршена прилика да дознаеме дали сме посилни од нив. Тие се силен тим и тешко е да се игра против нив, како што покажа и финалето на Лигата на шампионите. Знаат многу добро да се бранат со низок блок и во исто време имаат квалитет да постигнуваат голови во контра-напад.

-Сонувам да постигнувам голови или да дадам асистенција, што е секогаш убаво. Сакам да го играм дербито и Лигата на шампионите, едвај чекам. Јас сум супер компетитивен во се, -порача Американецот кој верува дека можат да го вратат Скудетото во нивните витрини.

-Самоуверени сме, имаме силни играчи, пристигнаа добри играчи, има одличен микс на таленти. Можеме да триумфираме, само треба да продолжиме да работиме и вака да играме. Имаме одличен почеток, знам дека ќе дадеме се што можеме и сакам да победуваме, што е секогаш најважно на крајот, -заклучи офанзивецот за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни