Поврзете се со нас

Свет

Пулишиќ мајсторски погоди од слободен удар, Бразил остана без победа против САД (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Соединетите Американски Држави доживеа вистинска катастрофа пред некој ден во пресметката со Колумбија (5-1), па со право фановите, навивачите се плашеа пред соочувањето со големиот Бразил во Орландо.

Меѓутоа водени од големата поддршка од трибините Американците успеаа да остварат позитивен резултат со „кариоките“, останаа непоразени играјќи 1-1 во последниот тест пред настапот на Копа Америка.

Фаворитот имаше добар старт и поведе во 17 минута благодарение на тандемот од Барселона и Реал Мадрид, Рафиња-Родриго со тоа што првиот ја имаше улогата на асистент, вториот на реализатор.

Меѓутоа во 26 минута домаќините добија слободен удар кој го избори Пулишиќ, а фудбалерот на Милан се реши и истиот да го изведе и мајсторски ја смести топката во мрежата на Алисон.

Иако до крајот имаше можности на двете стране не дојде до промена на резултатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни