Поврзете се со нас

Италија

Пулишиќ донесе радост на „Сан Сиро“, Милан го мина Јувентус на табелата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/SerieA

Фудбалерите на Милан се изборија за победа над Емполи од 1-0 во единствената средба која се одигра од 15 часот во италијанската Серија А.

Овој триумф ги однесе „росонерите“ на второто место на табелата пред Јувентус, но клубот од Торино допрва треба да го одигра својот меч од актуелнава 28. рунда.

Клучниот момент на средбата на „Сан Сиро“ се случи во 41 минута кога по топката која ја упати Окафор, американскиот репрезентативец Пулишиќ ја смести во мрежата во мрежата на Емполи.

Милан до репрезентативната пауза има дуели уште со Славија Прага во Лига Европа (реваншот) и гостување кај Верона во Калчото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни