Поврзете се со нас

Италија

Пулишич со мајсторија ја отвори својата нова авантура во Серија А (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Кристијан Пулишиќ постигна еден гол во подготвителните натпрвари на Милан за новата сезона, но вечерва го постигна првиот на официјален меч и на најдобар начин дебитираше во Серија А.

Американскиот репрезентативец пристигна како огромно засилување од Премиер лигата од редовите на Челси, а веќе на првиот меч во новата сезона постигна мајсторски гол.

Пулишич ја прифати топката на средината на теренот, извонредно претрча меѓу неколку играчи и имаше двојно додавање со Жиру, по што испрати неодбранлив удар во мрежата на Болоња.

Ова беше втор гол во првото полувреме на „Ренато Далара“ во Болоња, бидејќи претходно резултатот го отвори токму Французинот Жиру.

Милан на полувреме замина со предност од 0:2, па е на добар пат да запише победа на првиот тест во новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни