Поврзете се со нас

Свет

Пулишич славеше гол во стилот на Трамп, па порача: Воопшто не ми е грижа за коментарите (Видео)

Објавено

на

Америка по вторпат ја совлада Јамајка и се пласираше во полуфиналето на КОНКАКАФ Лигата на нации, а овојпат фаворитот триумфираше во натпревар со шест гола.

По минималниот триумф остварен на гости (0:1), Американците рано утрово славеа со 4:2, но еден од шесте гола предизивка посебно внимание.

Најголемата ѕвезда Кристијан Пулишич го отвори резултатот со гол за 1:0, меѓутоа стана хит поради прославата која реши да ја изведе.

Фудбалерот на Милан ги рекреираше победничкиот танд на Доналд Трамп и со тоа донесе измешани реакции на социјалните мрежи, но за разлика од негои други фудбалери, Кристијан посочи дека воопшто не му е грижа за оние негативните коментари.

– Очигледно е дека се работи за танцот на Трамп. Тоа е танц кој почнаа сите да го изведуваат, но вистина е дека го создаде Трамп. Мислев дека ќе биде смешно и затоа го изведов, – изјави Пулишич, во чиј перформанс се вклучија и соиграчите МекКени и Пепи.

– Не ми е грижа како ќе се реагира на социјалните мрежи. Тоа не е политички танц, тоа го направив само за забава. Видов илјадници луѓе како го прават тоа во последно време и мене ми изгледа смешно, – изјави Пулишич.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни