Поврзете се со нас

Италија

Пулишич пристигна во Италија, следуваат вообичаените прегледи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Кристијан Пулишич наскоро ќе биде промовиран во третиот различен во професионалната кариера, со што и дефинитивно ќе стави крај на етапата во Челси.

Американскиот репрезентативец утринава пристигнал во Милано, па по вообичаените лекарски прегледи, ќе стави потпис на договорот со Милан.

„Росонерите“ решија да се засилат на офанзивните позиции со Пулишич, имајќи предвид дека искусниот Американец може да настапува со различни улоги на теренот, а трансфер сумата нема да надмине 25 милиони евра.

Со ова, Пулишич, по Рубин Лофтус-Чик, ќе биде втор фудбалер на Челси кој во овој преоден рок се преселил во Милан. Покрај Лофтус-Чик, Пулишиќ добро ги познава и Жиру и Томори, кои исто така настапуваа за Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни