Поврзете се со нас

Италија

Пулишич демантира кавга со Консеисао: Вакви лаги се неприфатливи

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Елиминацијата на Милан во Лигата на шампионите е сериозен удар за италијанскиот клуб, а во пакет со неуспешниот двомеч со Феенорд, на површина испливаа и шпекулации за проблеми во соблекувалната.

Уште од претходно се шпекулираше дека дел од ѕвездите на Милан не се согласуваат со методите и однесувањето на новиот тренер Серџо Консеисао, а по дуелот со Феенорд италијанските медиуми најавија дека Кристијан Пулишич поставил ултиматум до раководството.

Еден од најдобрите играчи на Милан наводно најавил заминување ако Консеисао остане тренер и наредната сезона, а во групата незадоволни наводно бил и Јусуф Фофана. Милан како реакција објави изјава на Пулишич во која тој ги демантира шпекулациите.

– Никогаш не сум влегол во кавга со тренерот и не сум барал негово заминување.

– Среќен сум во Милан и сакам да продолжам да го носам овој дрес, па ваквите лаги за мене се неприфатливи, – вели американскиот интернационалец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни