Поврзете се со нас

Шпанија

Пујол со реакции ја испрати победата на Реал, па испрати порака до Барселона (ФОТО)

Објавено

на

blank

Реал Мадрид успеа да дојде до првата победа во новата сезона во шпанскиот шампионат, победа над Бетис остварена на „Бенито Вилјамарин“.

Бранителот на титулата во Примера славеше со 3-2 со пресврт во второто полувреме во кое имаше неколку ситуации во кои ВАР системот беше во центарот на вниманието, ситуации во кои добитник беше Реал. Првиот пат при голот за изедначување на 2-2, потоа при фаулот на Емерсон над Јовиќ за што Бразилецот доби директен црвен картон за да на крајот биде досуден и пенал поради игра со рака на Бартра при еден дуел со нововлезениот Мајорал, пенал кој Рамос го реализираше и донесе три бода.

Реал со пресврт до ВАР победа во Севилја (ВИДЕО)

Легендата на Барселона, Карлес Пујол очигледно внимателно го пратеше овој дуел и при секоја спорна ситуација се јавуваше на социјалните мрежи. Пујол имаше две реакции на Твитер за да потоа и испрати порака до Барселона.

-Мораме да бидеме многу добри ако сакаме да победиме. Јас верувам, ова треба да биде предизвик и мотивација за тимот. Виска ел Барса, -порача Карлес јас алудирајќи дека Барса мора утре победнички да стартува против Вилјареал.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни