Поврзете се со нас

Шпанија

Пујол со прва реакција по необичниот прес на тренерот Куман (Фото)

Објавено

на

Роналд Куман ова попладне изрежира еден од најбизарните пресови во поновата историја на Барселона, бидејќи истиот го започна и го заврши со соопштение кое му беше напишано на лист хартија.

Холандскиот стручњак се најде под огромен притисок во последно време и почувствува потреба дека треба да има едно подолго обраќање пред јавноста, но откако го заврши својот говор, не дозволи прашање од новинарите и го напушти пресот.

– Клубот е со мене во овие тешките моменти на реконструкција. Економската ситуација е тесно поврзана со спортскиот проект. Ние како тим, мораме да ја реконструираме екипата без големи вложувања, а за тоа е потребно време. Талентите можат да бидат фудбалски ѕвезди за неколку години. Младите ќе добијат шанси, како што во свое време ги добија Чави и Иниеста, но потребно е да се има трпение. Да се остане високо на табелата во Примера ќе биде успех оваа сезона. Европскиот фудбал е добра школа за овие млади таленти, но во Лигата на шампионите не можат да се очекуваат чуда.

– Поразот од Баерн треба да се гледа од оваа перспектива, тимот треба да добие поддршка, со зборови и со дела. Знам дека јавноста го признава овој процес, Барселона не се соочува со ваква ситуација за првпат во историјата. Сметаме на вашата поддршка во овие тешки времиња. Ние сме презадоволни од поддршката која ја добивме од фановите на мечот со Гранада. Да живее Барса, – гласеше обраќањето на Куман.

Невидена ситуација во поновата историја на Барса: Куман прочита соопштение и го напушти пресот! (Видео)

Ваквата порака на Куман наиде на многу реакции во јавноста, а со својата порака се јави и легендарниот капитен на каталонскиот гигант, Карлес Пујол.

– Ова не се лесни моменти, но само ако бидеме сплотени и го поддржуваме тимот ќе биде полесно да излеземе од оваа ситуација. Да живее Барсеона, сега и секогаш, – гласи реакцијата на Пујол за пресот на Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни