Светски првенства
Пујол со посебен поздрав до „невидливиот херој“ во незаборавниот гол на СП: Секогаш ќе ти бидам благодарен (Фото)

Шпанија во 2010-та година стигна до историски успех и го освои Светското првенство откако во финалето ја совлада Холандија, но пред завршниот чин, не треба да се заборави дека „фуријата“ одигра уште еден тесен и многу важен натпревар во шампионскиот поход.
Германците имаа добар повод за одмазда откако загубија во финалето на Европското првенство, но на крајот мораа да се соочат со нов пораз, откако одлучувачкиот момент се случи при еден корнер по кој највисок беше стоперот Карлсе Пујол.
Капитенот на Барселона беше неизвесен за полуфиналето и во последен момент доби зелено светло да игра од почетокот, а бидејќи денеска се одбележуваат точно десет дена од незаборавното полуфинале, Карлел одлучи да му оддаде признание на човекот кој за јавноста е невидлив, но за него е голем херој.
– Многу луѓе се сеќаваат на мене по оваа акција, по овој гол. Кога јас ја гледам оваа фотографија, се сеќавам на денот пред натпреварот кога добивав третман од Раул (физиотерапевтот на селекцијата). Му реков дека нема да можам да играм, дека не можам да трчам.
– Тој побара да верувам во него, ми порача дека ќе направи да играм. Тоа е Раул Мартинез, истиот човек кој неколку години претходно во шест часа комплетно ме рехабилитираше и ми овозможи да играм на шпанскиот Суперкуп. Секогаш ќе им бидам благодарен на оние кои се во сенка, на Раул и на толку други професионалци кои се толку важни и клучни за остварување на историските успеси. Ти благодарам.

- АТПпред 23 часа
Надал: Неверојатно е што правеше Медеведев против Ѓоковиќ, тоа е неприфатливо!
- Шпанијапред 22 часа
Тони Крос: Јас речиси никогаш не сум повреден, навистина не знам што прават соиграчите…..
- Англијапред 23 часа
Тухел си ја призна грешката и го испофали својот херој: Тој тренира како да има 15 години помалку!
- НБАпред 23 часа
Дончиќ и Марјановиќ заиграа оро на паркетот, Американците се прснаа од смеа (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Иниеста за својот наследник во Барселона: Тој е поразличен од сите други
- Англијапред 19 часа
Анхелињо: Гвардиола ме уби мене и мојата самодоверба!
- НБАпред 21 час
Комплетирани се составите: Познати се резервите за Ол-стар битката во Атланта
- Англијапред 17 часа
Солскјер уште еднаш јавно проговори за Халанд: Нормално е да сум во контакт со него