Поврзете се со нас

Шпанија

Пујол со моќна слика и прв коментар го проследи шокантниот пресврт во случајот „Меси“ (Фото)

Објавено

на

Барселона со официјално соопштение ја шокираше комплетната спортска јавност вчеравечер, бидејќи сите најави за договорот меѓу клубот и капитенот за нова долгогодишна соработка, експресно пропаднаа во вода.

На најшокантен можен начин, Барселона официјално објави дека ерата на Лионел Меси на „Камп Ноу“ завршува, откако клубот не пронашол начин да го регистрира својот најдобар фудбалер, а притоа да ја испочитува регулативата на Ла Лига за пријавување на годишните плати.

Лошата финансиска состојба која ја наследи Жоан Лапорта направи да видиме сценарио кој никој не можеше да го замисли, дури и во ситуација кога претседателот со месеци наназад уверуваше дека Меси ќе стави потпис на нов договор и ќе бидат надминати сите пречки за финиширање на зделката.

Лапорта подоцна денеска ќе одржи прес-конференција на која подетално ќе ги наведе причините за расплетот кој ги разочара фановите на Барселона, а во меѓувреме со искрен коментар и моќна слика се јави поранешниот капитен, Карлес Пујол.

– Тежок ден, но да живее Барса, – порача легендарниот Пујол кој потоа во нова објава додаде.

– Многу ти благодарам Лео. Никогаш нема да можеме доволно да ти се заблагодариме за тоа што ни го даде, ти посакувам се најдобро.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carles Puyol (@carles5puyol)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carles Puyol (@carles5puyol)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни