Поврзете се со нас

Шпанија

Пујол се потсети на еден незаборавен „Ел Класико“ момент и го прозва Карлос: Ќе ми ја откорнеше главата (Видео)

Објавено

на

Карлес Пујол претставуваше симбол за капитен, неверојатен борец и играч кој за секоја топка се бори беспоштедно, па дури знаеше да излезе како победник и во екстремни ситуации кога влегуваше максимално пожртвувано.

Легендарниот капитен на Барса ќе остане запаметен како еден од најдобрите дефанзивци кои некогаш се појавиле во шпанскиот фудбал, но исто така се истакнуваше и со неверојатниот фер-плеј и примерот кој го оставаше за другите на теренот.

Поради таквиот пристап, Пујол беше ценет и почитуван од своите колеги, па тој денеска јавно го прозва Роберто Карлос и го потсети на една неверојатна акција од „Ел Класико“.

Во долунаведеното видео, најдобро се гледа каков херој беше Пујол и на што беше подготвен за да спречи чист гол, а во својата објава, не пропушти да го потенцира и разорниот и силен шут на Роберто Карлос.

– Денеска го пронајдов ова видео, никогаш ја немав видено акцијава од оваа перспектива….. Роберто Карлос, ќе ми ја откорнеше главата пријателе……

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни