Пујол: Мора да го почитувате Пике, ама јас…

pujol

Карлес Пујол е дефинитивно една од најголемите легенди на Барселона, играч кој секогаш го давеше својот максимум и беше вистински пример за капитен, па токму поради тоа неговото мислење секогаш има голема тежина особено ако се работи за клубот од „Камп Ноу“.

Имено Пујол имаше можност да прозбори за дел од последните случувања кај каталонците, односно јавните критики на Жерард Пике кон управата на клубот. Стоперот ја прозва управата на клубот поради употребата или злоупотребата на медиумите за да потоа дојде до до составот со првиот човек на клубот Хосеп Марија Бартомеу.

Лионел Меси за ова посочи дека работата станала поголема од тоа што треба и тоа во моментите кога клубот се бори со играта и резултатите, а пак на истата тема Пујол сега порача:

-Мора да го почитувате, го кажува тоа што го мисли, тој е директен. Сите го знаеме. Ама би го кажал истото што и Меси, би се однесувал како него, -истакна големиот борец.

Facebook Коментари