Пујол: Азар не е на исто ниво со Меси и Роналдо, Челси на „Камп Ноу“…

pujol

Вечерва на „Камп Ноу“ се игра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Барселона и Челси, а пред истиот својот став го искажа поранешниот капитен на каталонците Карлес Пујол.

Тој воедно се потсети и на полуфиналната елиминација од „сините“ во 2012 година (1-0, 2-2), но и за тоа што може да донесе новата битка.

-Барселона е фаворит, ама не можете да бидете сигурни. Разликата беше што ние загубивме во Лондон со 1-0 и мораше да победиме. Напаѓавме и беше 2-0 за нас. Потоа тие стрелаа за 2-1 и потоа ние направивме се за да дадеме трет гол, но Торес погоди од контра-напад и не елиминираа. Мислам дека Челси сега ќе игра сличен натпревар: силно во дефанзива и на контра напади. Тие се организиран тим со јасни идеи за тоа како сакаат да играат, играчите напрад се многу опасни и брзи. Можат да ви наштетат на контри. Барселона мора да одигра на високо ниво и да се обиде да постигне гол, -рече Пујол кој не верува оти Еден Азар е на исто ниво со Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

-Мислам дека тој не е на нивно ниво. Станува збор за неверојатни играчи. Тоа не е само една сезона, тие се на максимално ниво веќе 10 години. Меси е најдобар играч во светот и во историјата. Импресивно е она што тој го прави секоја година на исклучително високо ниво, соборува рекорди,  станува се подобар и подобар во повеќе аспекти на неговата игра. Значи, да го споредиме со Меси или Роналдо е тешко, но Азар е фантастичен играч. Тој е играч кој ја прави разликата и има доволно време да расте. Тој е нивен најдобар играч. Го имаат исто Фабрегас кој сака да  ја диктира играта и да обезбедува асистенции. Вилијан кој играше добро на првиот меч и Педро кој совршено го познава „Камп Ноу“ и е многу опасен играч кој работи напорно. Барселона ќе мора да има комплетна игра, а не само да внимава на еден играч, туку на неколкумина, бидејќи Челзи има одлични играчи во нападот, -порача легендата на каталонците.

Facebook Коментари