Пуиј ја потврди десеттата Дејвис куп титула за Франција (Видео)

Puij-Dejvis kup

Последниот меч во сингл конкуренција меѓу Лукас Пуиј и Стив Дарцис го реши и освојувачот на Дејвис купот за 2017 година, а тоа е репрезентацијата на Франција која славеше против соседот Белгија пред домашните фанови во Лил.

Во првиот сингл меч одигран денеска, Гофан беше убедлив против Цонга кого го победи со 3:0 во сетови, што значеше и петти решавачки меч.

Пуиј немаше проблеми со Дарсис и сетовите ги доби со 7:6/6:3/6:2, по што Франција стигна до десеттиот трофеј во Дејвис куп натпреварувањето.

Facebook Коментари