Поврзете се со нас

Шпанија

Пуч се збогува со Барселона и заминува на невообичаена дестинација

Објавено

на

Барселона се ослободува од уште еден фудбалер кој беше отпишан од тренерот Чави, а следната дестинација за Рики Пуч ќе биде невообичаена за играч на негова возраст.

Големиот талент на Барса ќе се пресели во МЛС и ќе настапува за тимот на Лос Анџелес Галакси, трансфер кој се очекува да биде потврден денеска или утре.

Идејата на Каталонците е да му дозволат на Пуч да замине во Калифорнија без отштета, но да добијат процент од следниот трансфер на 22-годишниот фудбалер.

Пуч мора да биде регистриран до 4. август ако сака да биде дел од Галакси во текот на сезоната, а медиумите тврдат дека двата клуба ги финишираат преговорите околу деталите.

Младиот фудбалер пристигна во Барселона во 2014 година и преку младинската академија стигна до првиот тим, но не го убеди Чави и тренерот уште на крајот на претходната сезона му порачал да си бара нова средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни