Поврзете се со нас

АТП

Публиката на нозе: Карењо Буста го доби најлудиот поен во оваа сезона и дојде до првата Мастерс титула во кариерата (ВИДЕО)

Објавено

на

Пабло Карењо Буста е победник на АТП Мастерсот што се одржуваше во Монтреал и тоа откако во завршниот меч по една голема битка во три сета славеше над Хуберт Хуркач со 3-6, 6-3 и 6-3.

Борбата траеше скоро два часа, период во кој Шпанецот успеа да се врати од негатива и со пресврт да дојде до најголемата титула во неговата кариера. Ова е прв негов пехар од оваа серија „1000“, вкупно 7 трофеј со што воедно си овозможи и скок на АТП листата од 23 на 14 позиција.

-Неверојатно е чувството да се биде победник на Мастерс 1000. Ова е сигурно најдобрата титула во мојата кариера и не знам како се чувствувам во овој момент, -порача Пабло.

Воедно Карењо Буста го доби и најлудиот поен на турнирот, можеби и на сезоната и тоа во моментите кога се кршеше резултатот, се бараше победникот.

Имено при резултат 1-1 во сетови и 3-2 во гејмови во завршниот „период“ Шпанецот покажа зошто треба да се игра до крај, па од загубена позиција дојде до поен со кој ја крена публиката на нозе, но и воедно му даде дополнителна самодоверба во пресрет на самата завршница.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни