Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ жестоко му одговори на Мбапе: Не покажува никаква класа!

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе вчера првпат проговори за својата последна сезона во ПСЖ и нагласи дека му биле испратени доста насилнички изјави од водечките луѓе на клубот, јасно алудирајќи на заканата која ја доби од Насер Ал Келаифи минатото лето.

Првиот човек на ПСЖ се закануваше дека Мбапе ќе остане цела сезона на трибини поради тоа што не стави потпис на нов договор, за потоа да ја смири топката и да му дозволи на напаѓачот да се врати во тимот.

Килијан вчера откри дека Луис Енрике и Луис Кампос биле двајцата кои го спасиле и кои му овозможиле повторно да ужива на фудбалскиот терен, а со ваквиот сериозен напад кој го испрати кон водечките луѓе во клубот, предизвика и остра реакција од другата страна.

ПСЖ се јави со кратко соопштение испратено до новинската агенција „АФП“, преку кое жестоко му се реплицира на новиот фудбалер на Реал Мадрид.

– Килијан Мбапе не покажува никаква класа со такви изјави ов јавноста. Насер Ал Келаифи никогаш не ги диктирал случувањата за кои се одговорни други лица во тимот. Самиот Луис Енрике го кажа тоа, но Мбапе сега кажува нешто за кое цел свет мисли дека е вистина, – порачуваат од ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни