Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ загуби уште еден Мбапе: Итан потпиша за Лил

Објавено

на

По заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, ПСЖ остана без уште еден член од семејството Мбапе. Итан потпиша за Лил.

Младиот фудбалер, брат на еден од најдобрите играчи во светот, потпиша за Лил како слободен играч. Итан се раздели со ПСЖ откако му истече договорот и беше слободен да избере нова средина.

Помладиот Мбапе има само 17 години. Поголемиот дел од сезоната играше во младинскиот тим на ПСЖ, а забележа три настапи во првиот тим. На тие три натпревари одигра вкупно 43 минути.

И покрај тоа што е брат на сега познат фудбалер, Итан има потенцијал да биде врвен играч. Лил го потпиша како залог за иднината и може да се очекува оваа сезона да добие минутажа во сениорскиот тим.

Итан Мбапе постигна 11 гола и додаде седум асистенции на 38 натпревари за младинскиот тим на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни