Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ во краток период се договори со италијански репрезентативец, на „Паркот на принцовите“ стигнува…

Објавено

на

Од редовите на ПСЖ се пред конечен договор со ново засилување кое е изненадување за многумина.

На „Паркот на принцовите“ од следната сезона веројатно ќе игра италијанскиот репрезентативец и член на Рома, Алесандро Флоренци.

Флоренци вториот дел од минатата сезона го помина како позајмен фудбалер во редовите на Валенсија, а сега повторно ќе го напушти клубот од главниот град на Италија и повторно како позајмен фудбалер.

ПСЖ ќе има опција да го откупи во целост неговиот договор по крајот на сезоната, а за целата работа да се официјализира остануваат само да се решат уште некои детали.

Флоренци минатата сезона во дресовите на Рома и Валенсија собра вкупно 32 настапи на кои запиша само една асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни