Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ влегува во трансфер офанзива по фудбалер на Арсенал

Објавено

на

Од таборот на ПСЖ сериозно размислуваат да ги засилат своите редови со фудбалер на англискиот Арсенал.

Томас Тухел има потреба од десен бек за следната сезона, па речиси сигурно клубот ќе се засили на оваа позиција.

Прв избор за Тухел бил фудбалерот на Аталанта, Кастање, меѓутоа до фудбалерот прв стигнал тимот на Лестер кој во следниот период треба да ја официјализира соработката со белгискиот интернационалец.

Сега од ПСЖ вниманието го насочиле кон шпанскиот репрезентативец на Арсенал, Хектор Белерин.

Од Арсенал се подготвени да го пуштат Белерин со цел да соберат повеќе финансиски средства кои ќе ги вложат во нови засилувања, а ПСЖ е подготвен за него да плати сума од околу 25 милиони фунти.

Англиските медиуми пренесуваат дека договорот не е постигнат, но во следниот период се очекува значителен напредок во преговорите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни