Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ со уште еден потпис стави крај на сите дилеми кои излегоа во јавноста, Покетино останува на клупата

Објавено

на

Францускиот ПСЖ  по презентацијата на Џио Вајналдум, денеска и официјално потврди дека стратегот на клубот, Маурисио Покетино ќе остане меѓу „светците“ и во иднина.

Во јавноста по крајот на сезоната се појавија шпекулации дека Покетино ќе си замине од клубот, меѓутоа од тоа нема да има ништо затоа што аргентинскиот стратег ја продолжи верноста со ПСЖ.

Покетино го продолжи својот актуелен договор до 2023 година, а во новата сезона ќе има уште посилен тим од минатогодишниот со кој ќе се обиде да ја врати титулата од Лига 1 во своите витрини.

Досега ПСЖ се засили со Џиџо Донарума, Ашраф Хакими, Серхио Рамос, Џеорџино Вајналдум, а се споменува и бомбастичен трансфер на Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни