Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ со ултиматум до „непотребните“ седум: Трансфер или петта лига

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Новиот спортски директор Луис Кампос решил да направи голема чистка во редовите на ПСЖ, па заедно со тренерот Кристоф Галтие веќе ги одредиле фудбалерите кои непотребно го оптеретуваат клупскиот буџет.

Се работи за седум фудбалери кои се на трансфер листата и кои поради големите плати, досега одбиваа да си заминат од Париз.

Но, „Лекип“ тврди дека оваа „седумка“ добила ултиматум од клубот, при што ако не направат трансфер до крајот на преодниот рок, би можеле да бидат испратени на заем во своја филијала која игра во петтата француска лига.

На списокот се Икарди, Курзава, Ерера, Драклсер, Рафиња, Керер и Геје, играчи на кои веројатно ќе им биде дозволено да заминат без високи трансфер суми.

Кејлор Навас исто така е на излезна врата, но на сопствено инсистирање бидејќи не сака да биде само резерва на Џиџио Донарума.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни