Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ со својата објава ги „запали“ социјалните мрежи: Здраво Лео….. (Видео)

Објавено

на

ПСЖ се издвојува како еден од малкуте клуба кои се подготвени да наддаваат за ангажман на Лионел Меси, но од блиски извори на клубот, медиумите од Франција веќе пренесоа дека „светците“ сигурно нема да тргнат по Аргентинецот, бидејќи нема да можат да го испочитуваат финансискиот фер плеј и легално да ги покријат платите на Нејмар, Мбапе и досегашниот капитен на Барселона.

Аргентинската ѕвезда комплетно ја игнорира Барселона и денеска продолжи со штрајкот такашто не се појави и на првиот тренинг предводен од Роналд Куман, акт за кој веќе се шпекулира дека клубот ќе мора да покрене дисциплинска мерка со цел парично да го казни фудбалерот.

Меси очигледно воопшто не сака да преговара со актуелната водечка структура на Барселона и има план да си замине од клубот од „задната врата“, сценарио кое секако ги повредува фановите на клубот, но полека и разгневува еден дел од нив кои покажуваат први знаци на нетрпение околу цела оваа фарса која се создаде.

Со оглед на тоа што неговото најавено заминување од клубот се уште е топ тема, се појавија и разноразни шеги за тоа каде се може да биде промовиран Аргентинецот, а во тој контекст е и последната објава на ПСЖ со која од една страна јасно се истрола Барселона, но фановите на клубот.

– Здраво Лео….., – гласи објавата на ПСЖ, а во која се појавува Леандро Паредес, а не Лео Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни