Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ПСЖ со моќно издание го преслуша Лајпциг и обезбеди историско финале во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Откако имаше многу среќа во четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите на средбата против Аталанта, ПСЖ вечерва не остави ништо на случајноста и уште од раната фаза на мечот сериозно си ја сфати работата, а таквиот пристап му донесе и неочекува лесен триумф на тимот предводен од Томас Тухел.

ПСЖ е првиот финалист на овогодишеното издание на Лигата на шампионите кое се финишира со завршен турнир во Лисабон, пред се благодарение на маестралното офанзивно издание оваа вечер на „Луж“ стадионот. „Светците“ уште од самиот старт го притиснаа Лајпциг кој дефинитивно со Лион беше изненадување на турнирот, па по воведните изгледни шанси, мрежата ја затресе Бразилецот Маркињос со фантастичен удар со глава.

Погодокот на стоперот кој се претвори и во одличен играч за врска беше најава за историското прво финале за ПСЖ во Лигата на шампионите, а во продолжение фудбалерите на Тухел добија помош и од ривалот за лесно да го чекираат билетот за последниот меч во актуелното издание на турнирот.

Голманот Гулачи со една лошо исфрлена топка им подари погодок на противниците кои преку Ди Марија зголеми на 2:0 во 42-та минута, а на стартот на вториот дел, по уште една грешка во потесната одбрана, казни Хуан Бернат за конечни 3:0.

Во натпреварот кој ќе има историско значење за ПСЖ оваа недела, противник ќе им биде победникот од вториот полуфинален дуел кој се игра утревечер, а во кој силите ќе ги одмерат Баерн Минхен и Лион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни