Франција
ПСЖ со фуриозно прво полувреме го доби дербито во Лига 1 (Видео)

Последниот меч оваа сабота во Лига 1 беше големото дерби меѓу ПСЖ и Ленс, тимовите кои влегоа во овој меч како најдобро два пласирани на табелата.
Ленс сериозно се разигра во последно време и успеа да ги искористи неколкуте кикса на „светците“, но вечерва едноставно потклекна на мечот кој многумина го окарактеризираа како клучен за титулата.
Абдул Самед ги остави своите соиграчи на цедило уште во 19-та минута и поради остар старт над Хакими доби исклучување, по што следуваше фуриозна завршница на првиот дел од страна на домаќинот.
ПСЖ успеа да постигне три гола во период од девет минути, со тоа што оној последниот беше вистинско ремек-дело во кое учествуваа двајцата фудбалски генијалци Лео Меси и Килијан Мбапе.
Аргентинецот ја заврши акцијата по извонредното додавање од Французинот, а претходно и тој се запиша во листата на стрелците и погоди за 1:0 во 31-та минута. Во меѓувреме гол постигна и Витиња, додека конечните 3:1 во вториот дел ги постави Франковски од белата точка.
Со оваа победа, ПСЖ направи голема предност на табелата и сега има 11 бода повеќе од Ленс.
-
Балканпред 20 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 7 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 7 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Македонијапред 5 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 22 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик