Поврзете се со нас

Италија

ПСЖ со аматерска грешка го блокираше трансферот на Коло Муани во Јувентус

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Тиаго Мота се надеваше дека Јувентус навреме ќе ги реши административните процедури и ќе може да го повика Рендал Коло Муани уште за дербито со Милан, но францускиот репрезентативец ќе мора да почека за деби настап во редовите на „бјанконерите“.

Медиумите на „чизмата“ потврдија дека заемот на Коло Муани во Јувентус не е завршена работа како што се очекуваше не поради проблем меѓу клубот и фудбалерот, туку невообичаениот превид на ПСЖ.

Францускиот клуб заборавил дека го има искористено правото за најмногу шест позајмени фудбалери во текот на сезоната и додека не го реши тој проблем, не може да го испрати Коло Муани во Торино.

Претпоставките се дека ПСЖ ќе може да направи потег со кој ќе се спаси од поголем срам кој не е својствен за клубовите од европскиот крем, но барем засега францускиот фудбалер останува надвор од комбинација за новиот клуб.

Јувентус поради истата причина не може да го промовира Коло Муани ни како ново засилување, а тоа ги стопира и сите промотивни акции кои се подготвени од италијанскиот клуб, како и неговото деби кое му е повеќе од потребно и на тренерот Мота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни