Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ПСЖ се врати од бездната и со чудесен пресврт во три минути ја расплака Аталанта (Видео)

Објавено

на

Аталанта беше на чекор од нов историски подвиг и успех кој ќе се прераскажува во Италија, но наместо тоа, „божицата“ од Бергамо доживеа огромно раозчарување во последните неколку минути во Лисабон.

Италијанскиот калчолигаш уште еднаш ги освои срцата на фудаблските фанови со прикажаната игра против ПСЖ, но на крајот се радуваа милионерите од Париз благодарение на резервистите кои го сменија текот на мечот.

Аталанта имаше водство од 1:0 до 90-та минута од мечот и се чинеше дека ќе го продолжи проклествтото на ПСЖ во Лигата на шампионите, но така не мислеше Чупо Мотинг кој влезе во самата завршница.

Третиот напаѓач на Тухел направи главна разлика, бидејќи најпрво го изрежира клучното додавање по кое Нејмар го проигра Маркињос за израмнување на 1:1 во 90-та минута, а три минути подоцна, тој беше стрелец на погодокот за комплетен и чудесен пресврт по асистенција на Мбапе кој ги одигра последните 30 минути.

Со Мбапе и Чупо Мотинг на теренот, ПСЖ изгледаше како комплетно друг тим и благодарение на нив се избори за неверојатен пресврт, бидејќи претходно Аталанта се чинеше дека ги има работите под контрола, па дури пропушти и неколку шанси за водство од 2:0.

На крајот, Аталанта на крајно болен начин ја завршува својата авантура во Лигата на шампионите, бидејќи голот на Пашалиќ од првото полувреме не се покажа како доволен за пласман во полуфиналето. Таму ќе го гледаме ПСЖ, кој утре ќе го чека победникот од дуелот меѓу Атлетико и Лајпциг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни