Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ се пофали со засилување, за кое ќе плати најмалку 60 милиони евра

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Раководството на ПСЖ ги комплетирало преговорите за Жоао Невеш од редовите на Бенфика, по што Португалецот денеска официјално е потврден како нов играч на францускиот првак.

Невеш игра во средниот ред и важи за голем талент и играч со голем потенцијал, а по одличните настапи за португалската екипа, сега ќе соработува со Луис Енрике, кој втора сезона ќе седи на клупата на ПСЖ.

Французите ќе искешираат 60 милиони, со можност да треба да платат дополнителни 10 милиони евра при активирање на одредени бонуси.

Невеш има само 19 години и потпишал петгодишен договор со ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни