Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ се ослободува од двајца играчи, едниот ќе заврши во Рома, другиот во Евертон

Објавено

на

Од редовите на ПСЖ се согласиле да се ослободат од уште двајца свои играчи кои се посочени како непотребни во тимот на Кристоф Галтие.

„Паркот на принцовите“ ќе го напуштат Џорџињо Вајналдум и Идриса Гана Геје кои не успеаа да се наметнат како стабилни решенија за првиот тим на „светците“.

Преговорите за трансферот на Џини Вајналдум во Рома се во напредна фаза, а Холанѓанецот ќе треба да ја засили „волчицата“ првично како позајмен фудбалер.

Во моментов за реализација на преминот на Вајналдум на „Олимпико“ пречка е неговата плата, но се очекува во слендиот период се да биде решено и тој да се стави на располагање на Жозе Мурињо.

Од друга страна, Идриса Гана Геје би требало да се врати на местото од каде пристигна во ПСЖ, а тоа е Евертон. За разлика од Вајналдум, Геје би можел да реализира директен перманентен трансфер на „Гудисон“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни