Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ се ослободува од 13 играчи, голем дел од нив ги „избркал“ Мбапе

Објавено

на

Откако ја завршија најкомплексната задача и го задржаа Килијан Мбапе во своите редови, од таборот на ПСЖ сега се насочуваат кон средување на останатиот дел од тимот за следната сезона.

Шпекулациите говореа дека Мбапе при преговорите побарал да има улога во трансфер политиката на клубот, со цел да може сам да создаде тим кој би му одговарал да напредува во својата кариера.

Наводно Мбапе веќе составил листа „за отстрел“, па ПСЖ во следниот период ќе се обиде да се ослободи од дури 13 свои фудбалери.

Играчи кои ќе добијат одврзани раце да бараат нова средина се Тило Керер, Жулијан Дракслер, Данило Переира, Леандро Паредеш, Андер Ерера, Лајвин Курзава, Мауро Икарди, ПАуло Сарабиа, Хуан Берњат, Идриза Гана Геје, Колин Дагба и Серхио Рико.

Во следниот период ПСЖ ќе ангажира уште играчи со кои се очекува да состави уште посилен тим во пресрет на следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни