Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ се обидува да го добие потписот на Вајналдум пред Барселона

Објавено

на

Францускиот вицепрвак ПСЖ се обидува да го добие потписот на Џеорџинио Вајналдум и да го ангажира фудбалерот за кого се смета дека е блиску до трансфер во Барселона.

Холанѓанецот ова лето заминува од Ливерпул каде беше еден од најважните фудбалери и одамна се шпекулира дека ќе ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“.

Сепак, вечерва „ЕСПН“ пренесува дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, започнал голема офанзива за да го убеди Вајналдум да се пресели во Париз.

Фудбалерот се подготвува со холандската репрезентација за настап на ЕП, но неговиот менаџерски тим има важна задача да му помогне да се одлучи за следниот клуб во кој ќе настапува, а главен адут на ПСЖ очекувано се финансиите.

Французите му нудат многу поголема годишна плата од таа што Вајналдум би ја добил Барселона, а интерес за овој фудбалер покажува и Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни