Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ сака што побрзо да ги реши Нејмар и Мбапе

Објавено

на

blank

Актуелниот европски вицешампион и воедно најдобар француски состав, Пари Сен Жермен сака што поврзо да ја реши ситуацијата со најголемите ѕвезди Нејмар и Килијан Мбапе.

Договорите на Бразилецот и Французинот завршуваат во 2022 година, па „светците“ сакаат со нови договори долгорочно да ги врзат напаѓачите на „Паркот на принцовите“ и со тоа воедно да се стави крај не неизвесноста околу нивната иднина.

-За договорот на Килијан Мбапе, разговаравме долго време. Претходно главно требаше да биде јасно која е нашата позиција и што сакаме. Сега  мислам дека доаѓаме до точка кога мора да заземеме позиција и одлука. Имаме добар отворен дијалог.

-Нејмар е на добар пат, ама на крајот тој одлучува кога ќе потпише и засега се уште не е официјализирано. На иста страна сме и кога се во прашање Ди Марија и Бернат. Ова се четирите прашања за кои разговараме. Идејата е да стигнеме таму што е можно побрзо, бидејќи од наша страна, имаме намера да ги обновиме договорите со сите четворица, -истакна директорот на ПСЖ, Леонардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни