Франција
ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар, медиумите го поврзуваат со Јувентус

ПСЖ во новата сезона очигледно ќе има нов тренер, а веќе има нов спортски директор кој го замени Леонардо.
Луис Кампос има поинаква стратегија од Бразилецот и веќе размислува за сериозни промени, а една од нив е разделбата со Нејмар.
Бразилецот има плата од 30 милиони евра и е голем товар за буџетот на францускиот клуб, додека Кампос и неговите соработници не го сметаат за клучен во градењето на спортскиот проект околу Килијан Мбапе.
Француските медиуми го поврзаа Нејмар со Јувентус, односно шпекулираат дека Бразилецот бил понуден на „бјанконерите“, за кои сепак годишната плата е превисока.
Како опција за олеснување на зделката е Моисе Кеан, кој би заминал во спротивна насока и повторно би настапувал за ПСЖ, каде мина една сезона на заем од Евертон.
-
Македонијапред 3 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 19 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 20 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
Англијапред 16 часа
Манчестер Јунајтед за десет милиони евра продава играч на ривал од Премиер лигата