Поврзете се со нас

Англија

ПСЖ сака да му „украде“ важен играч на Ливерпул

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Пари Сен Жермен и оваа сезона е најдобар француски клуб и ќе треба да се случи чудо за да не освои уште една титула во Лига 1, но клубот има високи амбиции и во Лигата на шампионите каде е на чекор да дојде до осминафиналето по убедливиот триумф над Брест.

Во исто време во Париз се размислува и за наредната сезона, засилувањата во летниот преоден рок и „светците“ веќе имаат таргентирано играч кој би бил одлично освежување за дефанзивната линија.

„ЕСПН“ пренесува дека францускиот прволигаш сака да го доведе Ибрахима Конате од Ливерпул, ас кој е стандарден во одбраната на премиерлигашот. Наводно и самиот Конате е заитересиран за ваков потег, враќање дома во градот за кој во младите категории настапувал за ФК Париз.

Тој има договор со „црвените“ до 30 јуни 2026 година и Ливерпул сака да го задржи. Останува да се види како ќе се движи овој случај кој може да биде нов проблем за лидерот во ПЛ ако се земе предвид дека три големи ѕвезди му остануваат без договор на крајот на сезонава (Салах, Ван Дајк и Александер Арнолд) и засега навистина нема јасна слика што ќе се случува со нив.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни