ПСЖ со рутинска победа над Лил се загреа за дербито со Реал (Видео)

ikardi

Составот на Пари Сен Жермен ја прокнижи 11 победа во 14 сезонски натпревар во првата лига на Франција, а најнова жртва беше тимот на Лил кој падна на „Паркот на Принцовите“ со 2-0.

„Светците“ уште во првиот дел двапати ја начнаа мрежата на гостите со што најавија дека бодовите остануваат во француската престолнина. Прв во листата на стрелци се запиша Мауро Икарди во 17 минута, додека водството го зголеми Ди Марија во 31 минута.

До крајот немаше промени, па така ПСЖ на најдобар можен начин ја најави дерби пресметката со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Facebook Коментари