ПСЖ и Раул започнаа победнички во ЛШ, Пешевски со перфектен учинок

zarko

Македонскиот селектор Раул Гонзалес стартуваше со победа на клупата на ПСЖ во Лигата на шампионите, натпреварувањето кое е основна амбиција на францускиот гигант.

Парижани го совладаа Мотор на гостински терен со 35:29 и ги освоија првите бодови во групната фаза на најелитното европско натпреварување, а до овој успех стигна со постојано убедливо водство во текот на целиот меч.

Најефикасен кај ПСЖ бил Ремили со 8 голови, а зад него биле Абало и Карабатиќ со по 5 погодоци.

Во таборот на украинците активен беше македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски кој одигра одлично и имаше перфектен учинок „три од три“.

Facebook Коментари