Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ПСЖ прекина неверојатна серија на Ханси Флик во Лигата на шампионите

Објавено

на

Стратегот на Баерн Минхен, Ханси Флик се афирмираше како еден од најдобрите светски тренери веднаш по преземањето на клуботод страна на Нико Ковач.

Флик за кого ова беше прв самостоен голем предизвик успеа да се снајде во улогата на предводник на Баерн Минхен и од тим кој често губеше, а знаеше да прима и по пет голови на натпревар направи тим кој тешко ги губи натпреварите.

За тоа зборува и рекордот на германскиот стратег во досегашните натпревари во Лигата на шампионите.

Баерн Минхен под водство на Флик до вечерашниот натпревар со ПСЖ немаше ниту еден пораз и имаше вкупно 15 победи и еден нерешен резултат. Францускиот тим му го нанесе првиот пораз во најелитното европско натпреварување откако го презеде тимот во ноември 2019 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни