Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ потврди дека тројца фудбалери биле заразени со коронавирусот

Објавено

на

Францускиот шампион ПСЖ ги започна подготовките за завршницата на сезоната во која го очекуваат неколку важни натпревари, а клубот денеска соопшти официјална информација поврзана со коронавирусот.

ПСЖ потврди дека тројца фудбалери и еден член на стручниот штаб на клубот биле заразени со КОВИД-19 во изминатиот период, но во меѓувреме сите имале два негативни теста и можат да им се вратат на своите обврски.

Вчера биле направени нови тестови кои потврдиле дека сите во ПСЖ се здрави, но клубот најави дека играчите на почетокот ќе тренираат во помали групи за да се избегне било каков ризик.

Имињата на фудбалерите не се соопштени, а и медиумите не дојдоа до некоја дополнителна информација од своите извори.

ПСЖ треба да игра финални натпревари во националниот и Лига купот, а потоа го очекува и завршницата во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни