Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ постигнал договор со најскапото засилување во историјата на Баерн!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

ПСЖ веќе го договори Милан Шкриниар за наредната натпреварувачка сезона, но пред да заврши актуелната натпреварувачка сезона, постигнал вербален договор и со најскапиот играч во историјата на Баерн Минхен.

Лукас Ернандес беше во аут шест месеци откако заработи тешка повреда на коленото на Светското првенство во Катар, но периодот кој го минал во рехабилитација бил искористен од страна на челните луѓе на ПСЖ.

Како што јавуваат угледните француски медиуми како „Лекип“, Луис Кампос ја предводел оваа операција и стапил во контакт со дефанзивецот кој може да игра и како стопер и како лев бек, но не само тоа, успеал и да го убеди Ернандес дека ПСЖ е вистинскиот проект за него.

Според последните информации, Ернандес постигнал договор откако ги договорил личните услови со „светците“, па сега ќе следи далеку потешката задача за Кампос и неговите соработници, односно преговорите со Баерн Минхен.

Баварскиот великан потроши 80 милиони евра за Ернандес и до ден денес тој е најскап трансфер во историјата на клубот, а тоа значи дека нема да дозволи да го пушти фудбалерот без посериозна отштета.

Ернандес има важечки договор со Баерн до 2024-та година, а во прилог на ПСЖ оди и тоа што оваа сезона за баварците беше навистина лоша и најавени се посериозни промени во тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни