Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ плати 40 милиони евра и затвори уште едно прашање (ВИДЕО)

Објавено

на

Францускиот првак Пари Сен Жермен пред одредено време успешно го затвори најважното прашања и тоа околу статусот на Килијан Мбапе кој одлучи да остане на „Паркот на принцовите“ најмалку до 2025 година.

Откако „светците“ ова го решија веднаш се впуштија во нова акција со која го потврдија останувањето на талентираниот Нуно Мендеш. Португалецот настапуваше како позајмен играч и одлично се снајде во Франција, па ПСЖ ја искористи опцијата и му плати 40 милиони на Спортинг од Лисабон за комплетирање на трансферот на левиот бек.

Тој одигра 37 мечеви во сите натпреварувања, а беше избран за најдобар млад играч на сезоната во Лига 1.

Нуно иако има 19 години веќе има и 13 настапи за најсилната португалска репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни