Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ пак се спасуваше во финишот и стигна до „седум од седум“ (Видео)

Објавено

на

Екипата на ПСЖ без своето најзвучно име, Лионел Меси, славеше тешка победа на гостувањето кај Мец кого го победи со 2:1.

Парижаните со оваа победа извојувана во самиот финиш на натпреварот стигнаа до седум победи од исто толку одиграни кола во Лига 1.

Уште во 5. минута Ашраф Хакими го отвори резултатот и донесе водство за фаворизираниот противник.

И кога многумина мислеа дека ПСЖ лесно ќе стигне до победата, Кујате го израмни резултатот со погодок во 39. минута од средбата.

До крајот ПСЖ се мачеше да го најде патот до мрежата, а тоа повторно му успеа на Хакими кој во судиското продолжение погоди за конечни 2:1.

Што се однесува до другите резултати, Лион славеше против Троа со 3:1, додека Марсеј не успеа да го победи Анже и ремизираше без погодоци. Стразбур славеше кај Ленс со 1:0, а Лориен пред своите гледачи ја изненади Ница со 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни