Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ останува мистериозен, Покетино со загрижувачка изјава за актуелната состојба на Рамос

Објавено

на

ПСЖ презентираше шест големи засилувања во летниот преоден рок и стануваше збор за звучни имиња од кои застанува здивот, но засега само едно од нив не оствари деби во првиот тим на „светците“.

Серхио Рамос има огромни проблеми со мускулна повреда која ја лечи од крајот на минатата сезона и истата ја обнови веќе неколку пати во текот на ова лето, па покрај јавната прозивка од Жером Ротен кој не е оптимист околу здравјето на ветеранот, со загрижувачка изјава првпат се јави и Маурисио Покетино.

Аргентинскиот стручњак призна дека никој не знае кога Рамос ќе се врати на терените и кога ќе дебитира за првиот тим на ПСЖ, но затоа е свесен дека на Шпанецот ќе му биде потребно време за да се најде во исти физички предиспозиции како неговите колеги кога ќе почне редовно да тренира.

– Немаме точни прогнози за тоа кога ќе го имаме Рамос на располагање и кога ќе се врати на терените. Не знаеме кога ќе можеме првпат да сметаме на него, но ние остануваме оптимисти и покрај тоа.

– Се надеваме дека брзо ќе може да биде со нас, немаме ништо повеќе од оваа информација во овој момент. Тој е во процес на рехабилитација. Кога ќе се врати и ќе го достигне нивото на своите соиграчи, веруваме дека ќе ни помогне, – изјави Покетино на последниот прес.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни