Франција
ПСЖ образложи зошто Мбапе ќе го пропушти стартот на сезоната

Вечерва во фокусот ќе биде стартот на Премиер лигата и воведниот меч меѓу Кристал Палас и Арсенал, но овој викенд стартуваат уште две големи првенства од топ пет лигите.
Заедно со англиската елита, стартува фубалот и во Лига 1 и Бундеслигата, па така фудбалските фанови наредните три дена ќе можат да уживаат и во воведот во Франција и Германија.
ПСЖ влегува во новата сезона како апсолутен фаворит за титулата во новиот проект на тренерот Галтие, кој сепак авантурата во Париз ќе ја стартува без својата најголема ѕвезда.
Килијан Мбапе не играше на натпреварот против Нант на кој беше освоен првиот трофеј, но поради повреда, ќе го прескокне и првото коло во Лига 1 против Клермон.
– Поради болки во мускулот во пределот на адукторот, Килијан Мбапе ќе продолжи да се лекува во тренинг центарот. Дополнително ќе му бидат направени тестови за 72 часа, – се вели во објавата на „светците“.
-
Формула 1пред 12 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 12 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 11 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 13 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Англијапред 15 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Светпред 23 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците
-
Англијапред 6 часа
„Марка“: Каземиро размислува за атрактивната понуда која ја добил