Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ПСЖ обезбеди фајнл-фор, Кил нема да ја брани титулата во Келн

Објавено

на

Францускиот првак ПСЖ успеа да ја надополни негативата од првата четвртфинална средба со Кил во рамките на ракометната Лига на шампиони и со победата 34:28 избори пласман на фајнл-фор турнирот во Келн.

Екипата предводена од Раул Гонзалес загуби со два гола разлика во Германија, но вечерва успеа да обезбеди доволна позитива за да се пласира во следната рунда.

На полувреме ПСЖ водеше минимално со 16:15, но го засили темпото во вториот дел и стигна до посакуваната разлика и победа, односно ново учество на завршниот турнир.

Пранди со 9 и Ремили со 7 голови биле најефикасни во редовите на француската екипа, додека во редовите на Кил, Сагосен и Екберг го завршиле дуелот со по 7 голови.

Елиминацијата на Кил значи дека ракометна Европа ќе добие нов шампион, а бундеслигашот стана деветти тим кој не успеал да обезбеди место на завршниот турнир во Келн, откако претходно станал европски првак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни