Поврзете се со нас

Шпанија

ПСЖ нуди 200 милиони евра за ѕвездата на Барселона

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Пари Сен Жермен по крајот на оваа сезона останува без првата ѕвезда Килијан Мбапе кој одлучи дека е време за промена во кариерата и како слободен играч си заминува од „светците“ и тоа во Реал Мадрид со тоа што оваа информација допрва треба да биде официјално потвредена.

Ова го знаат во таборот на францускиот првак кој веќе прават план за животот без Мбапе и според реномираната „Марка“ веќе идентификувале ѕвезда која би можела да биде нов заштитен знак, играч кој ќе го носи клубот во иднина. Тоа е бисерот на Барселона, Ламин Јамал кој е вчера против Мајорка потврди дека е играч пред кого е светла иднина, фудбалер кој може да доминира во следнте 15-20 години.

„Марка“ пренесува дека понудата на ПСЖ е неверојатни 200 милиони евра што е сума од која боли глава особено ако се земе во предвид дека Јамал се уште е тинејџер и ова му е прва сезона како сениор.

Повеќе од јасно е дека овие пари можат многу да му помогнат на шпанскиот великан со оглед на финансиската состојба, меѓутоа претседателот Жоан Лопорта и неговите соработници воопшто не разслуваат за понудата за тоа што во Јамал и во играчите како Педри, Гави, Араухо и Балде гледаат асови кои можат да ја носат Барса на долго патеки.

Само за потсетување ПСЖ во минатото веќе имаше една страшна операција на „Камп Ноу“ кога го „украде“ Нејмар за сума од 222 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни