Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ не успеа да го победи Рен, Лил на четири бодови до титула (Видео)

Објавено

на

ПСЖ не успеа да го победи Рен на гостински терен (1:1) и му овозможи на главниот ривал за титулата Лил да ја зголеми предноста на две рунди до крајот на шампионатот.

Гостите поведоа од пенал и тоа во судиското надополнување на првиот дел, при што Нејмар не погреши од белата точка и донесе предност за ПСЖ.

Тоа водство гостите го имаа до 71. минута, кога Рен израмни благодарение на Жираси, домаќините парираа во продолжение од средбата, а во 88. минута Кимпембе заработи црвен картон и го остави ПСЖ со играч помалку до крајот на дуелот.

Ова реми може да има големи последици по шампионските амбиции на ПСЖ, бидејќи парискиот клуб сега заостанува три бода зад лидерот Лил и тоа на две кола до крајот на француското првенство.

На Лил му се потребни четири бодови од две средби за да ја освои титулата и да ја прекине доминацијата на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни